ВИДЕО | Силен блесок во вселената: Нешто го погоди Јупитер

Фото: Pexels/ ZCH

Пред неколку дена астрономи-аматери, снимија огромен блесок на Јупитер, кој настанал откако небесно тело удрило во планетата, пипшува „Спејс.ком“.

Ударот се случил на 29 август во 01:45 часот по полноќ. Сликите покажуваат краток, но силен блесок на површината на Јупитер, кој најверојатно бил предизвикан од удар на комета или астероид.

Различни вселенски тела често го погодуваат Јупитер поради неговата силна гравитација и близината до главниот астероиден појас.

Најзначајниот ваков настан се случи во 1994 година, кога овој гасен џин беше погоден од остатоци од кометата Шумејкер-Леви 9, по што астрономите можеа да видат штета во атмосферата, со месеци по ударот.

Научниците веруваат дека планетата Јупитер игра голема улога во заштитата на внатрешниот Сончев систем од астероиди и комети, бидејќи привлекува и апсорбира удари или исфрла потенцијално опасни објекти подалеку во Сончевиот систем.

Во продолжение погледнете го краткото видео од ударот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот