ВИДЕО | Сидни Свини повторно заведува со сензуален танц под вода во бикини
Откако ја откажа венчавката со својот вереник, една од најпопуларните и најсекси холивудски актерки, Сидни Свини го сруши интернетот!
Препорачано
Таа со своите милиони следбеници на Инстаграм сподели видео кое ги освои сите.
Сидни во видеото сензуално танцува во базен, облечена во бикини и дефинитивно знае што прави.
View this post on Instagram
„Сирена…“, „Подобрa од сирена“, „Каде е базенот за да одам веднаш?“, „Гледа ли тој што изгуби?“… се само дел од бројните пораки кои ја придружуваат оваа објава.
Сите светски и домашни медиуми деновиве пишуваат за раскинувањето на долгогодишната врска помеѓу Сидни Свини (27) и нејзиниот доскорешен вереник Џонатан Дејвин (41).
Парот, кој почна да се забавува во 2018 година, а се вери во 2022 година, планираше да се венча во мај оваа година, но церемонијата е одложена додека размислуваат за иднината на нивната врска.
„Сидни и Џонатан минуваат низ тежок период и решија да одвојат време за да размислат дали е поважно да ја зачуваат врската или да продолжат понатаму“, открил за „Дејли мејл“ извор близок на парот.
Според информациите од изворот, главните предизвици во врската настанале поради исцрпувачкиот работен распоред на актерката.
Сидни Свини моментално е ангажирана во неколку важни проекти, вклучително и враќање на популарната серија „Еуфорија“, римејк на култниот филм од 1960-тите „Барбарела“ и биографски филм за боксерот „Кристи Мартин“.


