ВИДЕО | Шварценегер го осуди нападот на Хамас: Се сретна со преживеаните и нивните семејства

Фото: TMZ / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Холивудскиот актер Арнолд Шварценегер се изјасни против, како што рече, варварскиот и неиспровоциран напад на Хамас врз Израел и се сретна со преживеаните и нивните семејства.

Поранешниот гувернер на Калифорнија го осуди масакрот на невини цивили на 7 октомври, велејќи дека тој никогаш не видел ништо слично на тоа и ја понудил својата поддршка за Израел, објави „ТМЗ“.

Шварценегер се сретнал со членовите на семејствата на израелските заложници кои сè уште ги држат во Газа и им подари статуи од бронзени орли. По средбата Шварценегер изјави дека сака да шири мир, бидејќи е помоќен од омразата и гневот.

Ела Шани (14) е меѓу преживеаните кои отпатувале од Израел до Санта Моника за да го запознаат Арнолд Шварценегер.

Таа раскажа како нејзиниот татко бил убиен од членовите на Хамас во Кибуц Бера на 7 октомври и како бил киднапиран нејзиниот 16-годишен братучед Амит Шани. Средбата ја организираше Музејот на толеранција во Ерусалим, со кој Арнолд Шварценегер е партнер со години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот