ВИДЕО | Што се случува со Мел Гибсон? Актерот снимен како се движи со помош на бастун

Мел Гибсон / Фото: Christopher Polk / Getty images / Profimedia

Актерот Мел Гибсон неодамна беше снимен во јавност како се шета со помош на бастун и ортопедска чизма.

Имено, актерот отишол на вечера со својата ќерка Лусија во ресторан во Малибу, каде се појавил со ортопедска чизма придржувајќи се за бастунот. Како што пишува „Дејли мејл“, најверојатно тој се повредил за време на снимањето на филмот „Смртоносно оружје 5“.

Актерот, кој неодамна го прослави својот 68. роденден, за лежерната пригода облекол сиви панталони, карирана кошула и сина јакна. На ногата без ортопедско помагало носел папуча. Ќерката Лусија, која Гибсон ја доби со руската музичарка Оксана Григориева, за вечерата со нејзиниот татко облекла панталони со празнични мотиви и широк џемпер .

Медиумите ги контактирале неговите претставници за коментар, но сè уште не добиле одговор како дошло до повредата на актерот.

Инаку, Гибсон во 2021 година потврди дека ќе биде во главната улога на филмот „Смртоносно оружје 5“, но и дека ќе биде задолжен за режијата. Во тоа време, тој рече дека сака да му оддаде почит на оригиналниот режисер, покојниот Ричард Донер, кој го напиша сценариото и требаше да го режира пред неговата смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот