ВИДЕО | Што е со лицето на Кортни Кокс? Фановите реагираат: Изгледа непрепознатливо!

Кортни Кокс
Кортни Кокс/ Фото: Принтскрин/Јутјуб

Ѕвездата од „Пријатели“ која ја глумеше опсесивната, а уредна Моника Гелер, актерката Кортни Кокс е своевиден симбол на убавината од 90тите.

Актерите од серијата „Пријатели“ привлекуваат внимание каде и да се појават, но во овој случај Кортни имаше бизарно, а според фановите, и чудно однесување при гостувањето на емисијата „The Graham Norton Show“, каде разговараше за својата нова серија. Вниманието сепак го привлече нешто друго -нејзината неприродност и чудно затегнување на лицето. Твитер заедницата веднаш го забележа тоа.

Актерката ја промовираше серијата „Shining Veil“,  а гледачите на популарната емисија го коментираа нејзиното речиси непрепознатливо лице, но и однесувањето – пренесуваaт медиумите.

Oсвен што Кортни делува како да не и е пријатно што е во емисијата, таа е дистанцирана од водителот и разговорот тече тешко.

Еве го и видеото на кое може да се види токму таа „вкочанетост“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот