ВИДЕО: Штипските гитаристи му честитаа роденден на Влатко Стефановски

штипски гитаристи стефановски (1)
Фото: Принтскрин / Слободна ТВ

Нешто повеќе од 50 штипски гитаристи и фанови на Влатко Стефановски на возраст од 7 до 77 год вчера се собраа во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Повод за овој собир беше роденденот на нашиот легендарен гитарист Влатко Стефановски.

штипски гитаристи стефановски (1)
Фото: Принтскрин / Слободна ТВ

Тие со видео порака му го честитаа роденденот со неговата легендарна и безвременска песна „Чукни во дрво“ и со овој чин сакаа да му оддадат почит и благодарност за неговото музичко творештво и да му посакаат здравје, среќа и уште многу музика и концерти.

„Немаме друга таква музичка легенда во нашата земја па и пошироко во регионот којшто оставил таков печат и дострел во музиката како што е Влатко Стефановски“ – изјавија тие.

Среќен роденден Влатко!

Користејќи ја оваа прилика, редакцијата на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ му посакува среќен роденден на нашиот врвен уметник Влатко Стефановски, со желби за добро здравје и уште долги години среќа, радост и музика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот