ВИДЕО: Шпанската полиција уапси Хрват, член на бандата „Пинк Пантер“

Уапсен Хрват во Шпанија/ Фото Twitter Screenshot

Шпанската полиција денеска објави дека уапсила Хрват, член на бандата „Пинк Пантер“, меѓународна мрежа специјализирана за кражба на накит, која Германија ја бара за кражби вредни повеќе од 700.000 евра.  

Предмет на кривично гонење во Германија за насилни кражби во 2015-та и 2016-та година, Хрватот бил уапсен минатиот месец во Барселона, соопшти полицијата, пренесува Хина.  

„Во овие кражби украден е накит во вкупна вредност од 715.000 евра и 1.400 евра готовина“, соопшти полицијата. 

Бандата, составена од членови од поранешна Југославија, беше наречена „Пинк Пантер“ од истражителите на Скотланд Јард по кражбата на дијаманти во Лондон во 2003-та година.  

Накитот потоа бил скриен во кутија од крема за лице, како во истоимените филмови на Блејк Едвардс. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот