ВИДЕО | Шерон Стоун го изгуби трпението во Кан: „Спушти го проклетиот телефон“
Холивудската икона Шерон Стоун уште еднаш докажа дека нема проблем да го каше она што го мисли. Ѕвездата на култните филмови „Ниски страсти“ и „Казино“ одржа исклучително остар и емотивен говор на гала-настанот во Кан, порачувајќи ѝ на публиката дека човештвото итно мора подобро да се поврзе на емотивно ниво, пишува „Дејлибист“.
Препорачано
Стоун учествуваше на престижниот настан организиран од фондацијата „Better World Fund“ ,организација која ја поддржува „кинематографијата и уметноста во служба на човештвото“. Актерката, која уште од самиот старт делувала видно нервозно, го започнала говорот објаснувајќи ја хуманитарната цел на собирот.
„Ви благодарам многу што дојдовте на овој прекрасен настан што го започнавме пред три години. Никогаш не било поважно да го правиме ова што го правим, да ги штитиме жените и децата на глобално ниво“, порача таа од сцената.
Меѓутоа, атмосферата во салата нагло се променила кога Шерон Стоун решила да ги повика присутните да се потсетат на основната човечка љубезност и емпатија. Таа побарала од гостите да се свртат кон личноста што седи до нив и да покажат сочувство.
„Сакам да им кажете, и навистина да го мислите тоа, дека ви е жал за работите што ги повредиле во животот“, рекла таа, објаснувајќи дека болката е она што ги прави луѓето исплашени, злобни, гневни и осамени.
Но, додека се обидувала да ја пренесе оваа длабока порака, актерката забележала дека добар дел од богатите гости воопшто не ја слушаат, туку се забавуваат снимајќи со своите паметни телефони. Во тој момент, филмската дива целосно ги изгубила нервите, по што следел моментот кој со светлосна брзина се прошири на социјалните мрежи:
„Спуштете го тој проклет телефон. Ова го мислам сериозно. Ставете ги тие проклети мобилни на маса. Спуштете ги. Спушти го тоа. Спушти. Спушти“ – викала бесната актерка од микрофонот, директно покажувајќи со прст кон поединци во публиката кои збунето ги спуштале апаратите.
@varietymagazine #SharonStone told #Cannes ♬ original sound – Variety
Потегот на Шерон Стоун предизвика лавина од коментари во јавноста. Додека едни ја критикуваат за агресивниот настап и речникот, мнозинството ја поддржуваат, согласувајќи се дека опсесијата со телефоните на свечените настани стана навистина неподнослива.


