ВИДЕО | Шакира е бесна бидејќи Пике јавно го експонираше нивниот син без да ја праша

Фото: Инстаграм/Шакира/Скриншот/Јутјуб

Колумбиската пејачка Шакира, наводно, е бесна на нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике бидејќи нивниот деветгодишен син Милан се појави на настан поврзан со виртуелната лига „Кингс лиг“, која е во организација на Пике, објави „Ола“.

Имено, малиот Милан се појавил на виртуелниот настан организиран од страна на неговиот татко, нешто што не ѝ се допаднало на Шакира. Според неа, Пике не смеел да го експонира детето пред толкава интернет-публика без да побара одобрение од нејзина страна.

„Извори блиски до Шакира тврдат дека пејачката не дала претходна согласност, ниту пак била консултирана за учеството на нејзиниот син Милан на настанот, каде се водела дискусија за содржина за возрасни“, стои во соопштението на нејзините претставници со јавноста.

Виртуелниот настан се одржал на 7 јануари и учествувале поранешни фудбалери и инфлуенсери од Шпанија.

Според Пике, тој не планирал да го вклучи Милан во емитувањето на настанот, туку тоа се случило сосема спонтано.

„Ова е мој син. Мојот син не е нешто што ние треба да го најавиме. Тој беше тука бидејќи тој сакаше да биде дел од настанот“, потенцираше Пике.

Повеќе на темата:

Шакира е скршена: Љубовницата на Пике им спиела во семејниот дом уште во 2021 година

Романтична прошетка на Пике и новата девојка, за која вели дека е „поразбирлива“ од Шакира

Шакира за разделбата со Пике: Ова е најмрачниот период од мојот живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот