ВИДЕО | Сензација на кошаркарите на Бахами, Аргентина по 24 години остана без ЛОИ

Фото: The Bahamas Basketball Federation/Instagram

Koшаркарите на Бахами приредија вистиснка сензација и ја победија Аргентина во битката за место на Олимписките игри. (82:75).

За Аргентинците ова е вистинско разочарувањe бидејќи за првпат по 24 години ќе останат без пласман на ЛОИ.

Добро започнаа Аргенинците, имаа контрола над резултатот, но така беше се до финишот кога ривалот се расположи и почна да погодува тројки. Херој на Бахамите беше Ерик Гордон кој во НБА лигата го носи дресот на Феникс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Richard Bazil (@richardbazil)

Гордон погоди важни тројки кога се одлучуваше натпреварот, а средбата ја заврши со 27 постигнати поени. Покрај Гордон одлични беа уште Деандре Атјон исто така од Феникс со 10 поени и 21 скока, како и Бади Хил Индијана кој го заврши натпреварот со 17 поени.

На Бахамите сега им претстојат квалификации за ЛОИ, додека во претквалификациите покрај Аргентина славеа уште со Куба и Уругвај. Досега оваа репрезентација нема пласман на еден од најголемите спортски настани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот