Пијан патник направи хаос во крузерот и почина/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Семејство тужи крузерска компанија откако смртта на пијан патник е прогласена за убиство

Крстарење по Карибите имаше трагичен крај за 35-годишен патник, кој го загуби животот на бродот откако бил пијан и се тепал со екипажот на крузерот.

Сега семејството на мажот кој почина на крузер кој патуваше кон Мексико вели дека „Ројал Карибиан“ е одговорен за неговата ненадејна смрт. Мајкл Вирџил, 35, почина додека патуваше кон Енсенада, Мексико, на 13 декември 2024 година, откако беше приведен од обезбедувањето затоа што се обидел да скрши врата како дел од пијана тирада. Тужба поднесена од свршеницата на Вирџил, Кони Агилар, и нивниот син, ја обвинува крузерската компанија дека му служела „33 алкохолни пијалаци“ претходно истата вечер, пренесува британски Експрес.

Во документите се наведува дека 35-годишникот потоа се вознемирил и почнал да ги бара својата свршеница и синот во пијана состојба, а неговиот испад го натерал персоналот да му инјектира седатив.

Според тужбата, Вирџил станал жртва на „прекумерна сила и фатални дејствија преземени од членовите на екипажот, вклучувајќи го и обезбедувањето и медицинскиот персонал“, кои „му дале инјекција со седативен лек, халоперидол, и користеле повеќе конзерви бибер спреј“.

Сега, семејство на Вирџил го обвинува персоналот на крузерот дека му дале седативна инјекција по барање на капетанот на бродот, а лекот е виновен за неговата смрт.
Семејството на Вирџил бара отштета.

„Во последно време сме сведоци на неверојатно вознемирувачки број на сериозни повреди и смртни случаи на крузери“, рече адвокатот Кевин Хејнс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот