ВИДЕО: Се појави снимка која можеби покажува зошто Алонсо доби отказ

Набрзо по отказот на Чаби Алонсо, на социјалните мрежи се појави видео кое, според дел од јавноста, открива дека шпанскиот стратег немал целосна контрола над соблекувалната на Реал Мадрид.

Станува збор за сцена по синоќешното финале од Суперкупот на Шпанија во Џеда, во кое „кралевите“ беа поразени од Барселона со 3-2. По последниот судиски свиреж, фудбалерите на Реал одбија да го испочитуваат традиционалниот протокол и да направат почесен шпалир за новиот освојувач на трофејот.

На видео снимката јасно се забележува како Алонсо ги повикува играчите и се обидува да ги организира за шпалирот, но во тој момент Килијан Мбапе се вмешува, ги сопира соиграчите и им сигнализира дека треба веднаш да го напуштат теренот.

Според медиумите, овој момент дополнително ја поткрепува тезата дека Алонсо немал вистински авторитет во тимот, додека Мбапе сè повеќе се наметнувал како доминантна фигура и лидер во соблекувалната.

Oфицијално: Чаби Алонсо веќе не е тренер на Реал Мадрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот