ВИДЕО | Се онесвести еден од присутните на пресот на Мицкоски

Христијан Мицкоски
Фото: Скриншот, Фејсбук

За време на денешната прес-конференција на Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, еден од присутните коишто стоеја зад него изгуби свест, по што беше прекинато обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

ВО ЖИВО | Изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски

Промени во однесувањето, откажување од привилегии и почнување најмалку три капитални проекти во првиот месец, им наложил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоки на новоизбраните градоначалници.

Како што изјави Мицскоски пред денешната средба со градоначалници, независно од политичките случувања поврзани со централната власт, многу е важно да не се занемари она што беше ветено на локалните избори.

– Сѐ што ветивме треба да се исполни, да се засукаат ракавите што побрзо за да се почне со решавање на проблемите на граѓаните од сите населени места, општини каде што ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија има градоначалник, а таму каде што сме коалиција да работиме со градоначалниците од коалицијата. Без оглед што огромен број од општините се презадолжени и во голем дел од нив првичните информации сведочат за злоупотреби на ресурсите, потребен е максимален ангажман од секој градоначалник за да се реализира ветеното. Не смее да има изговор за неуспех, рече Мицкоски.

Според него, промените кои ќе ја донесат новата иднина треба да почнат со промени во однесувањето на луѓето кои се одговорни за општините.

– Тоа ќе побарам веднаш да се случи. Прво, ќе побарам на состанокот после оваа прес-конференција од градоначалниците во наредните триесет дена да почнат со активности за реализација на најмалку три капитални проекти од инфраструктурен карактер. Второ, мојот совет до нив пред оваа прес-конференција беше да покажат скромност во делувањето и да се откажат од привилегиите кои во минатото од нивните претходници се злоупотребуваа, а кои функцијата како можност ги носи. Потребно е да покажеме пред граѓаните дека тоа што го зборувавме, тоа и го мислиме и го работиме. Апелирам тоа да го направат и оние градоначалници кои не се од редовите на коалицијата Обнова на Македонија и предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Веднаш да се откажат од употреба или злоупотреба на службените возила надвор од службените потреби на општината, како и да нема злоупотреби на средствата на општината за ненаменски трошења како што се ручеци кои што со својата сметка одговараат на нешто друго а на пристојно однесување. Трето, побарав да се излезе на терен и да бидат во постојана комуникација со граѓаните и заеднички да учествуваат во решавањето на нивните проблеми, истакна лидерот на партијата.

Довербата на народот, додаде, нема да биде прокоцкана.

– Нема веќе батиња, нема веќе братучеди, слободно е Македонија. И народот треба да е свесен дека времето на корумпирани транзициони политичари или луѓе кои злоупотребуваат национализам на сметка на интересот на народот е минато во политиката. Сега се поразени, а ќе бидат и декласирани на следните парламентарни избори. Заеднички да го оствариме сонот во кој веруваме и иднина каква што заслужува секој човек во Македонија, рече Мицкоски на прес-конференцијата преде средбата со градоначалниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот