Поларна светлина - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Сцени кои го одземаат здивот: Објавена спектакуларна снимка на поларна светлина

Астронаутот Кимија Јуи од Јапонската агенција за вселенски истражувања објави спектакуларна снимка на поларната светлина, снимена од Меѓународната вселенска станица (ISS), пренесува „Индепендент“.

Во видеото, кое Јуи го сподели во неделата, се гледа феноменален спој на розови, тиркизни и виолетови нијанси кои танцуваат над Земјата. Овие сцени создадоа уникатно искуство за астронаутите, но и за сите кои имаа можност да ја видат снимката.

Јуи, кој ќе ја напушти ISS поради медицински проблем на еден од астронаутите, изјави:

„Бев среќен што успеав да ја снимам, но уште повеќе се радував, замислувајќи го задоволството на сите кои ќе го видат видеото. Сончевите зраци сигурно се потрудија, бидејќи успеав да уловам многу убаво поларно светло.“

Снимката е направена само неколку дена пред планираниот завршеток на мисијата. Заедничката мисија на НАСА и Спејс Икс (SpaceX) ќе заврши предвреме поради медицинскиот проблем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот