ВИДЕО | Сара Џесика Паркер ограбена на Ноќта на вештерките: „Срам да ви е!“
Актерката Сара Џесика Паркер бесно објави дека е ограбена на Ноќта на вештерките и речиси идентично како пред пет години.
Таа е жртва на необична кражба кога крадци украдоа неколку богато украсени тикви од тремот на нејзиниот дом во Њујорк вреден 35 милиони долари, пишува „Дејли мејл“.
Според актерката која многумина ја познаваат по улогата на Кери Бредшо во серијата „Сексот и градот“, крадците однеле неколку тикви обоени во златна и виолетова боја.
Последниот грабеж, како што потсетува „Дејли мејл“, е речиси идентичен со оној од пред пет години кога ѕвездата на „Сексот и градот“ остана без зборови – крадците не ѝ оставија ниту еден украс, со кој таа го украси влез во нејзината зграда за Ноќта на вештерките.
А потоа се огласи на социјалните мрежи:
„Сите наши тикви беа украдени, како и сите други тикви на нашиот блок. Сѐ се случи на Ноќта на вештерките 2019 година. Мојот сопруг рече: „пристојноста е мртва“. Но, ние ќе ги спасиме нашите тикви, ќе ги најдеме тиквите во последен момент и се надеваме дека овој случај нема да остане на ова“.
И како што можете да видите секоја година на Ноќта на вештерките, актерката го обожава тој празник. Во претходните години таа редовно делеше слатки низ соседството.