ВИДЕО | Само „нула“ на Барселона против Гетафе

Фото: EPA-EFE/SERGIO PEREZ

Барселона не успеа да постигне гол и не победи против во денешниот натпревар против Гетафе кој заврши без голови 0:0.

Ова реми за Барселона доаѓа само една недела по нерешениот резултат против Џирона. Барселона имаше посед на топка, а во финишот на првото полувреме Левандовски ја имаше најголемата шанса, но сепак Сориа го одбрани својот гол.

Притисна Барселона во второто полувреме се обидуваа Кеси, Рафиња, Алба, повторно Левнадовски…Чави се обиде нешто да промени со внесувањето во игра на Ансу Фати и Феран Торес, сепак гол не видовме.

Казната за пропуштените прилики можеше да стигне во 89-та минута кога по една грешка на Араухо во одбраната Борха Мајорал влезе во 100% прилика. Во натпреварот кој се одигра денес претходно Џирона со 2:0 го совлада Елче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот