ВИДЕО: Сакал да фотографира пет волци, се шокирал кога скокнале врз него!

Да се ​​биде опкружен со волци звучи како застрашувачка сцена со која ретко кој сака да се соочи.

Да стапнете на нивна територија може да биде многу непредвидливо. Овој фотограф, кој инаку фотографира во дивината и сака предизвици, отсекогаш сакал да направи ваква фотографија. Конечно добил шанса да го направи тоа.

Додека стоел покрај реката, му пришле пет волци. Тие биле возбудени кога го виделе фотографот и како што тој се движел, тие го следеле. Дури и скокнаа врз него и му го лижеле лицето. Делувало како да не сакаат да го напуштат фотографот.

Овие волци живеат во близина на градот Бетл Гроунд во американската држава Индијана. Паркот во кој живеат постои од 1972 година и се грижи за заштита на загрозени диви животни, а покрај волците, има и лисици и бизони.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот