ВИДЕО | Сѐ за мода: Дуа Лупа ги насмеа фановите со видео на кое се обидува да седне во тесен фустан

Фото: Скриншот/Инстаграм

Британската пејачка Дуа Липа (28) ги насмеа нејзините обожаватели со снимка од годинашното доделување на престижните филмски награди Златен глобус.

Музичката ѕвезда се појави на црвениот тепих во тесен црн фустан со златни детали на модната куќа „Скјапарели“. Иако многумина беа воодушевени од ова модно парче, пејачката не се чувствувала многу пријатно додека се движела во фустанот.

Фото: Инстаграм/Дуа Липа

Сега таа сподели објава со впечатоци од гламурозниот настан, каде додаде и снимка на која некој ѝ вели да седне, а таа не може да го изведе тоа поради тесниот фустан.

„Им благодарам на организаторите за прекрасната ноќ. Единствено ми требаше лежалка“, напиша Липа во описот на снимката, шегувајќи се на своја сметка.

Инаку, Дуа Липа ја доби својата прва номинација за Златен глобус, за нејзината песна „Dance the Night“, која беше дел од музиката за филмот „Барби“ („Barbie“). Статуетката отиде во рацете на пејачката Били Ајлиш, чија песна „What Was I Made For?“ исто така беше дел од истиот филм.

Бившиот на Рита Ора: Дуа Липа се појави со 14 години постариот дечко на Кански филмски фестивал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот