Автобуска линија во Барселона избришана од „Гугл мапс“ за да се избегнат гужви и да има место за постарите граѓани

Парк Гуел, Барселона - Фото: Пекселс/tkirkgoz

Додека некои места ќе се потрудат да привлечат посетители, жителите на населбата Ла Салут во Барселона го слават потегот дека една автобуска линија е избришана од „Гугл мапс“, пишува „Гардијан“.

Со години, жителите се жалеле дека не можат да стигнат дома бидејќи автобусот со број 116 секогаш бил преполн со туристи кои го посетуваа паркот Гуел на Антони Гауди. Паркот е втората најпопуларна атракција во градот по базиликата Саграда Фамилија.

Сега тие го имаат автобусот за себе, откако градскиот совет договорил трасата да биде отстранета од „Гугл мапс“.

„На почетокот се смеевме на идејата“, изјавил Цезар Санчез, локален активист. „Но, ние сме изненадени што мерката беше толку ефикасна“.

Луз Лопез (75) изјавил: „Порано автобусот беше толку полн дури и луѓето со бастун не можеа да се качат“.

Алберт Батл, заменик-градоначалникот за безбедност и соживот во градскиот совет, изјавил дека покрај подобрувањето на мобилноста околу паркот Гуел, „требаше да ги елиминираме референците за 116 на интернет“.

Батл одбил да признае или негира дека советот побарал да се отстрани рутата, додека портпаролот на „Гугл“ само изјавил дека тие не би избришале автобуска линија освен ако тоа не го побара советот.

Санчез, кој осум години води кампања за советот да го реши проблемот, се пошегува: „Следно што треба да направиме е да ја отстраниме целата Парк Гуел од Гугл мапс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот