ВИДЕО | Русите во одела, Украинците во тренерки: Одржани преговорите во Белорусија

Руско-украинските преговори/ Фото EPA-EFE/SERGEI KHOLODILIN / BelTA /

Денеска Русија и Украина ги почнаа преговорите во областа Гомел во Белорусија надевајќи се дека ќе стават крај на кризата.

Добредојде на двете делегации им посака Владимир Макеј, шеф на аднинистрацијата на белорускиот претседател, Александар Лукашенко.

Макеј им порача на делегациите дека може да се чувствуваат тотално безбедност и дека тоа е нивна света должност.

За тоа што се говори најмногу по социјалните мрежи е стајлингот на дипломатите.

Додека руската делегација беше во одела, пантолони и вратоврски, Украинците кај Гомел пристигнаа во поопуштено издание.

Лидерот на партијата „Слуга на народот“, Давид Арахами, дел од украинската делегација, се појави во маичка со кратки ракави и спортско капче. До него седеше министерот за одрбана, Олексеј Режњиков во зелен џепмер, додека советникот на претседателот Зеленски се решил за црн стајлинг.

Само двајца членови на украинскиот тим за преговори седнаа на преговарачка маса во одела.

Путин го направи она што досега беше невозможно, ја направи најголемата грешка во својата кариера

Колку нуклеарно оружје има Русија во споредба со САД, Европа и остатокот од светот?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот