Путин го направи она што досега беше невозможно, ја направи најголемата грешка во својата кариера

владимир путин
Рускиот претседател Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Претседателот на Русија, Владимир Путин штотуку направи нешто невозможно – создаде единствена Европска унија, пишува порталот Политико.

„Руската неиспровоцирана инвазија на Украина ја обедини Европа и целата трансатлантска сфера како ништо досега, од падот на Белринскиот ѕид“, наведува порталот.

Путин го потпиша указот за признавање на независноста на Доњецк и Луганск/ Фото EPA-EFE/ALEKSEY NIKOLSKYI/

Во текстот се наведува дека сите несогласувања околу Русија кои членките на ЕУ ги имале со децении, едноставно се „стопиле“ во моментот кога започна војната во Украина, бидејќи една по една земја од ЕУ застанала на страната на Украина, свртувајќи им го грбот на Путин и Русија.

Политико потсетува дека тука се Италија и Германија, кои досега поради нивните интереси меѓусебно ги кочеа, на свој начин, донесувањето на остри одлуки против Русија, но и чешкиот претседател Милош Земан и унгарскиот премиер Виктор Орбан, кои како што ги нарекува Политико, се „традиционалните сојузници на Путин“.

Владимир Путин и Виктор Орбан / Фото: EPA-EFE/

До неделата цела ЕУ стоеше зад одлуката за воведување на најстроги санкции кон Русија, вклучително и оние наметнати на самиот Путин, а земјите кои не се членки на ЕУ го затворија својот воздушен простор за руските авиони. Забрането е и емитувањето на руските канали Раша тудеј и Спутник.

Најголемата грешка во неговиот живот

Рускиот претседател всушност го поминал целиот свој професионален живот борејќи се против Западот.

Прво како агент на КГБ во Источна Германија, каде што беше сведок на падот на Берлинскиот ѕид и почетокот на триумфот на Западот над СССР. Подоцна, како долгогодишен претседател на Русија, која во меѓувреме преку официјална државна политика ја дефинираше како „цивилизација за себе“, наспроти „декадентниот Запад“.

Владимир Путин и Бил Клинтон / Џорџ Буш / Доналд Трамп / Барак ОбамаEPA-EFE/CHIRIKOV/ITAR TASS POOL/BOLIVAR/KIMENTYEV SPUTNIK

Кога дојде на власт во Русија во 2000 година, по хаотичните и главно катастрофални 1990-ти за руските граѓани, Путин се занимаваше исклучиво со внатрешна политика.

Ги прогонуваше избраните олигарси за да ги потчини другите, ја консолидираше економијата, воведе некаков ред и безмилосно се бореше во Чеченија. Со тоа ја зајакна својата моќ од која не сакаше да се откаже ниту по цена на заобиколување на уставните ограничувања за да се кандидира за трет претседателски мандат.

Брегзит, победата на Доналд Трамп, масовното ширење на лажни вести, хакерски напади, протекување доверливи документи на западните влади итн. – во сите овие години Путин имаше свое влијание со своите бот фарми и армијата хакери. Се разбира, тој не беше единствениот играч во таа игра, но тој е еден од најопасните, бидејќи Русите под негово водство навистина изградија капацитет постојано да работат на поткопување на Западот. Индекс пренесува и дека – ако целта на Путин била да го подели и ослабне Западот, тогаш имало моменти кога рускиот претседател можел да биде многу задоволен.

„Но, сега тој отиде не еден, не два, туку илјада чекори предалеку со неговата инвазија на Украина, која за релативно краток временски период го произведе за политичките процеси во западните демократии она што отсекогаш била ноќната мора на Путин – единство на Запад“, објави Индекс.

Путин ја принуди Германија експресно да ја смени долгогодишната политика на попуштање пред Русија. Путин во овој момент му го даде на Западот она што може цврсто да ги обедини луѓето за некое време, а тоа е заеднички непријател.

Колку нуклеарно оружје има Русија во споредба со САД, Европа и остатокот од светот?

Зошто Владимир Путин веќе ја изгуби оваа војна?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот