ВИДЕО | Русинката Маша пее на македонски јазик: Слушнете ја „Дали ти ќе дознаеш“

принтскрин/Youtube

Македонската музичка сцена и тоа како има потреба од нови имиња кои ќе ја освежат и ќе создадат нешто ново и поинакво од она што сме навикнати да слушаме и гледаме веќе со години.

Факт е дека на поп-сцената во нашата земја и недостигаат млади артисти кои ќе донесат еден нов и модерен звук, а токму еден таков артист е младата пејачка Маша.

Ако се прашувате од каде ова специфично име, одговорот е во тоа што Маша е Русинка која веќе неколку години живее во нашата земја.

Неодамна таа сними песна на македонски јазик со наслов „Дали ти ќе дознаеш“, на која како автор на музиката се потпишува Панче Касапски, текстот е на Огнен Неделковски, а пак аранжманот и миксот се дело на Лазар Цветковски.

Несомнено одлична екипа за „влез“ на македонската музичка сцена, а дека е задоволна од новата песна потврди и лично Маша…

Многу сум задоволна од тоа како звучи песната. Искрена да бидам, јас не ги познавам многу луѓето кои работаат музика во Македонија, но по консултација со неколку мои блиски пријатели, решив да изберам да работам со оваа екипа. Исто така не смеам да го заборавам и режисерот, Даниел Јовески, кој направи одличен видеоспот – изјави Маша.

И се разбира, прашањето кои многумина би сакале да ѝ го постават: Зошто на македонски јазик, а не на руски? Одговорот на Маша е следен:

– Јас тука живеам, тука се образовам, го научив одлично македонскиот јазик и немав дилеми за тоа дали да пеам на руски или на македонски – вели накусо Маша.

Инаку ова е само почеток. Маша планира да биде доста продуктивна кога е во прашање создавањето на новa музика и тоа се разбира, на македонски јазик…

А, сега слушнете ја Маша и погледнете го спотот за „Дали ти ќе дознаеш“:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот