Screenshot

ВИДЕО: Русинката Андреева ги загуби нервите на Индијан Велс – го фрли рекетот и ја опцу публиката

Младата руска тенисерка Мира Андреева се најде во центарот на вниманието на Мастерсот во Индијан Велс поради нејзиното однесување на теренот на натпреварот во кој претрпе пораз од Катерина Синијакова со 6-4, 6-7 и 3-6.

Се играше вториот сет кога Андреева го загуби тај-брејкот и во момент на фрустрација, таа го скрши својот рекет. Но тоа како да беше само почеток на она што следеше. Откако не успеа да го подигне нивото на игра во продолжението, Рунската подоцна повторно го фрли рекетот, меѓутоа тогаш упати и навредливи зборови кон публиката.

На објавената снимка на социјалните мрежи јасно може да се забележи како извикува „е***е се сите“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот