Фото: Принтскрин / Roja News

ВИДЕО | Русија изврши бран дронски и ракетни напади врз Украина – загинаа 15 луѓе, запалени се објекти, урнати се згради

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, напиша дека, покрај жртвите во главниот град, спасувачите извлекле мајка и дете од урнатините на 16-катна станбена зграда што се урнала во централниот дел на градот, во населбата Подил.

Русија вчеравечер започна бран напади со дронови и со ракети низ Украина, при што загинаа најмалку 15 луѓе, а најмалку 90 луѓе беа повредени, објави „Би-би-си“.

Меѓу четирите жртви во главниот град Киев  е и 12-годишно момче, додека, пак, тројца загинаа во Днипро на југоистокот.

Од другата страна на границата, две деца, на возраст од пет и од 14 години, загинаа во украински напад со дрон во рускиот регион Краснодарски крај, изјави гувернерот Венијамин Кондратјев на Телеграм.

Нападите следуваат по кратко примирје за време на православниот Велигденски викенд, за кое двете страни меѓусебно се обвинуваа за стотици прекршувања.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, напиша дека, покрај жртвите во главниот град, спасувачите извлекле мајка и дете од урнатините на 16-катна станбена зграда што се урнала во централниот дел на градот, во населбата Подил.

Во северниот дел на Киев, четворица итни медицински работници се меѓу повредените поради повторени гранатирања.

Во нападот врз централниот град Днипро, тројца загинаа, а десетици се повредени, соопшти Олександр Ганжа, шеф на регионалната администрација. Фотографии објавени на интернет покажуваат запалени објекти во градот.

На други места, ракетни и дронски напади врз јужниот пристанишен град Одеса одзедоа осум животи, соопшти шефот на воената администрација на градот, Сергиј Лисак.

Во Харков, пак, напад со дрон повредил 77-годишна жена и 66-годишен маж, изјави официјален претставник.

„Ваквите напади не смеат да станат нормални. Ова се воени злосторства кои мора да престанат, а одговорните да сносат одговорност,“ изјави министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха.

Тој ги повика другите земји „итно да преземат мерки“ преку воведување санкции против Русија или обезбедување нови пакети помош за Украина.

„Сите одлуки потребни за зголемување на притисокот врз агресорот мора веднаш да се деблокираат“, напиша Сибиха на „Икс“.

Загинаа шест луѓе, меѓу нив и осумгодишно момче, оштетени се згради во Черкаската Област: Русија изврши масовен напад со дронови врз Украина

Војната во Украина веќе влегува во својата петта година, а досега имаше неколку рунди мировни преговори, при што посредник беа САД.

Сепак, процесот е во застој откако претседателот Доналд Трамп го пренасочи својот фокус кон конфликтот на Блискиот Исток.

Украина постојано предлага целосно и стабилно примирје како прв чекор кон преговори за трајно завршување на руската инвазија.

Но, Москва инсистира првин да се договори мировен договор, што предизвикува обвинувања од Киев дека Русија не е сериозна во намерата да го прекине конфликтот.

Додека Украина останува без системот „Патриот“, Венс без двоумење ја брани одлуката за стопирање на помошта за Киев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот