Зеленски, Трамп и Венс на прес-конференција во Белата куќа / 28 февруари 2025 г. / Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO / POOL

Додека Украина останува без системот „Патриот“, Венс без двоумење ја брани одлуката за стопирање на помошта за Киев

Украина во моментов се соочува со критичен недостиг на противвоздушни ракети „Патриот“, а ситуацијата е најлоша можна, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во исто време, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го нарече прекинот на воената помош за Киев едно од „најгордите“ достигнувања на администрацијата на Трамп, пренесува „Еуроњуз“.

Зеленски: Недостатокот е најлошо нешто што може да се случи

За време на посетата на Германија, Зеленски во интервју за националниот радиодифузер ЗДФ изјави дека ситуацијата со ракетите „Патриот“ е алармантна.

„Недостатокототкот на ракети е најлошото што може да се случи“, рече тој.

Украинскиот претседател, исто така, призна дека војната на Блискиот Исток влијае на Украина со намалување на шансите на Киев да добие воена помош.

Ракетите „Патриот“, кои се произведуваат исклучиво во Соединетите Држави, се клучни за Украина. Во оваа фаза од војната, тие се убедливо најдобрата одбрана што ја има Украина од руските балистички ракети.

Киев работи на сопствена воздушна одбрана

Затоа Киев се обидува да развие сопствена, домашна антибалистичка воздушна одбрана. Украинскиот производител на оружје „Фајер Поинт“ неодамна објави дека работи на свој систем, со цел да го има готово до следната година. Компанијата бара соработка со европски партнери во областите на радарот, насочувањето и комуникациите.

Потпретседателот на САД: Горд сум што ја прекинавме помошта

Во меѓувреме зборувајќи  на настанот во Атланта, потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, рече дека е горд што Вашингтон го прекина финансирањето за Украина.

„Очигледно, сè уште верувам во тоа и тоа е едно од нештата на кои сум најгорд во оваа администрација. Ѝ кажавме на Европа дека ако сакаат да купат оружје, можат, но САД повеќе не купуваат оружје и не го испраќаат во Украина“, рече Венс.

Потпретседателот на САД е меѓу најгласните критичари на помошта за Украина во рамките на администрацијата на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот