ВИДЕО: Роналдо и Јувентус не се откажуваат од титулата

Роналдо би можел да се врати наскоро во Премиер лигата/Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Јувентус со 3:0 го совладаа Кротоне во последниот натпревар од 23. коло во Серија А и ја продолжија трката да фатат приклучок лидерот на табелата, Интер. „Старата дама“ сега има 45. бода, осум помалку од Интер, но во исто време има и натпревар помалку од „нераѕурите“.


Резултатот го отвори Кристијано Роналдо со голот во 38. минута по одличната асистенција од Алекс Сандро. Во последните моменти од првото полувреме, Јувентус поведе со 2:0 и повторно стрелец беше Роналдо, овој пат по асистенција на Арон Рамзи.

Во второто полувреме, фудбалерите на Јувентус ја продолжија доминацијата и таквата игра ја крунисаа со нов гол. Овој пат стрелец беше Вестон Мекени во 65. минута од натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот