ВИДЕО: Рома конечно победи на гости и се врати во топ четири
Екипаатаа на запиша важни три бода на гостувањето кај Лече, славејќи со 2-0 во рамки на 19. коло од италијанската Серија А. Тимот предводен од Џан Пјеро Гасперини рутински ја оправда улогата на фаворит и така стави крај на серијата од три порази на гостински терен во првенството.
Препорачано
„Волчицата“ брзо ја презеде контролата и поведе уште во 14. минута. По одлично изработена акција, Пауло Дибала беше во улога на асистент, а Еван Фергусон сигурно ја смести топката во мрежата за рано водство. Рома можеше да ја удвои предноста и пред паузата, но погодокот на Писили беше поништен поради офсајд, додека голманот Фалконе се истакна со одбрана по новиот обид на Фергусон.
Во продолжението Лече се обиде да се врати во игра, заигра поагресивно и создаде неколку закани, но изостана реализацијата..
Сите дилеми околу победникот беа решени во 71. минута, кога Артем Довбик ја затресе мрежата по одбиената топка од ударот на Писили и ги постави конечните 2-0.
Со овој триумф, Рома се искачи на четвртата позиција на табелата со 36 освоени бодови, додека Лече остана во опасната зона, на 16. место со 17 поени.


