Рафиња/Barcelona FC

ВИДЕО | Рекорд во Ла Лига: Барселона победи на сите домашни натпревари

Барселона со победа од 3-1 над Реал бетис го затвори последниот домашен натпревар сезонава, а каталонскиот гигант испиша и историја во шпанскиот фудбал.

Барселона ја завршува сезоната со неверојатен учинок од 19 победи на исто толку натпревари на домашен терен, нешто што досега не му успеало на ниту еден клуб во формат на лига со 20 екипи.

Последен пат тим со максимален ефект дома имал Реал Мадрид во сезоната 1985/86, но тогаш првенството се играло со 18 клуба. Каталонците и претходно двапати имале совршен домашен биланс, во сезоните 1958/59 и 1959/60, кога лигата броела 16 екипи.

Што се однесува до самиот натпревар, домаќините поведоа во 28. минута преку Рафиња, а со минимална предност од 1-0 се замина и на паузата. Во продолжението, истиот фудбалер повторно се запиша во листата на стрелците и во 62. минута зголеми на 2-0. Гостите успеаја да се вратат во игра седум минути подоцна кога Иско реализираше пенал за 2-1.

Сепак, дилемите околу победникот ги разреши Жоао Кансело, кој во 74. минута со прецизен удар ги постави конечните 3-1 за ново славје на Барселона пред своите навивачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот