ВИДЕО | Рецепт на италијанскиот готвач: Палента со печурки од прочуениот Џенаро Конталдо

Палента од Џенаро/Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Палента е традиционално италијанско јадење, кое можете да го послужите за појадок, но и за ручек. Се зависи од тоа какви намирници ќе му додадете, а еден од најстарите рецепти е пржената палента.

Палентата е и традиционално македонски јадење, во која може да се додаваат разни прилози како што се: сирење, пржена свинска маст, пржена сланина, џимиринки, кисело млеко, кајмак…

Ако сакате да направите лесен и вкусен ручек, тогаш ви предлагаме да го пробате рецептот за палента со сос од печурки на познатиот италијански готвач Џенаро Конталдо.

Состојки:

За сос од печурки:

– малку маслиново масло
– 2 дебели парчиња сланина
– 1 морков
– 1/2 кромид
– 1 стебло целер
– 300-400 грама печурки
– 200 милилитри сос од домати
– 200 милилитри бујон (супа)
– 1 лута пиперка
– магдонос

За палентата:

– 1 литар вода
– 250 грама палента
– парче путер

Подготовка:

На малку загреано масло пропржете сечкана сланина и моркови. Потоа додајте ситно сечкан кромид и целер. Кога зеленчукот ќе омекне, додајте ги печурките што сте ги исечкале на четвртинки. По неколку минути, сипете сос од домати и сол. Промешајте и сипете ја супата (бујон) и додајте ја целата лута пиперка. Потоа додајте го исечканиот магдонос. Гответе уште 30-35 минути. Оставете ја водата да зоврие, а потоа растопете го путерот. Постепено сипете ја палентата и варете додека не се згусне, со постојано мешање.

Во чинија истурете ја палентата, посипете со рендан пармезан и прелијте ја со сосот од печурки и посипете со пармезан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот