ВИДЕО | Реал се „сопна“: Џирона непоразена го напушти „Бернабеу“

Фото: EPA-EFE/SERGIO PEREZ

Не можеше без драма во 12. коло од шпанската Ла Лига, иако Реал Мадрид беше фаворит во дуелот со Жирона сепак натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ заври без победник.

Реал офанзивно го отвори натпреварот и создаде неколку прилики, но Џирона добро се бранеше. Не се бранеа само гостите, имаа и тие свои моменти. Првото полувреме понуди неколку шанси, но на пауза се замина со 0:0.

Само што започна второто полувреме започнаа и да се редат шанси пред голот на Жирона, се издвојува добрата шанса на Винисиус, потоа Родриго. Како што одминуваше натпреварот гостите се повлекуваа и чекаа шанси од контра.

Одбраната на Џирона попушти во 70. минута. Валверде асистираше, Винисиус погоди за 1:0, тогаш изгледаше дека Реал оди кон нова победа, но гостите не мислеа така. Џирона како да се разбуди по примениот гол и повторно почнаа да создаваа шанси. Стрелец на голот за изедначување беше резервистот Стуани.

Со ова реми после ова 12. коло во Ла Лига предноста на Реал во однос на Барселона ќе се намали на само еден бод. „Кралевите“ имаат 32, Каталонците 31.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот