Фото: EPA/JUANJO MARTIN

ВИДЕО | Реал само до бод против Жирона – титулата во Ла Лига ѝ се насмевнува на Барса

Фудбалерите на Реал Мадрид денеска одиграа само 1:1 дома против Жирона, на отворањето од 31 коло од најсилното шпанско првенство.

Екипата на Алваро Арбелоа, по непријатниот пораз од Мајорка на гости (2:1), забележа уште еден кикс. Во меѓувреме, загубија и од Баерн во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите (2:1).

Реал Мадрид е втор на табелата со 70 бода, што е шест помалку од лидерот Барселона, која го игра градското дерби со Еспањол во сабота.

Федерико Валверде им донесе водство на домашните во 51 минута, а израмнувањето се случи во 62 минута од средбата преку Томас Лемар.

Реал притисна во финишот, Килијан Мбапе исто така побара пенал во една ситуација, но немаше промена на резултатот. Жирона е на 12 позиција со 38 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот