ВИДЕО: Реал Мадрид во натпревар со три досудени пенали подобар од Сосиедад
Екипата на Реал Мадрид без поголеми проблеми со 4-1 славеше победа во рамките од 24. коло против Реал Сосиедад и така се искачија на врвот на табелата, но со натпревар повеќе од Барселона.
Препорачано
„Кралевите“ експресно го отворија натпреварот и уште во петтата минута Гонзало Гарсија донесе рано водство за домаќините. Сепак, баскискиот состав возврати во 21. минута, кога Ојарсабал беше сигурен од белата точка и го израмни резултатот.
Но радоста на гостите траеше кратко. Само четири минути подоцна судијата повторно покажа на пенал, овојпат за Реал. Одговорноста ја презеде Винисиус и без грешка го врати водството. До паузата, Федерико Валверде со прецизен удар во 31. минута зголеми на 3-1 и практично ја најави победата.
Во второто полуврем видовме уште еден пенал за „кралскиот клуб“. Повторно Винисиус беше сигурен реализатор, поставувајќи ги конечните 4-1 и ставајќи точка на натпреварот.
Со новите три бода, Реал е лидер со 60 освоени бода, два повеќе од Барселона, која утре ѝ гостува на Жирона.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
16мин
-
19мин
-
20мин
-
38мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


