Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

ВИДЕО: Реал Мадрид и со фудбалер помалку славеше над Пачука

Реал Мадрид ја запиша првата победа на Светското клупско првенство што се одржува во САД, откако со 3-1 ја совлада мексиканската Пачука, иако уште од седмата минута играше со фудбалер помалку.

Дефанзивецот Асенсио заработи директен црвен картон поради остар старт со кој спречи стопроцентна шанса за Пачука, но тоа не ги спречи „кралевите“ да одиграат одличеннатпревар. Избраниците на Чаби Алонсо уште во првиот дел поведоа со 2-0 благодарение на погодоците на Џуд Белингам и Арда Ѓулер.

Во второто полувреме, Феде Валверде ја зголеми предноста на 3-0, а Пачука успеа само да намали преку Монтиел, кој стрелаше десетина минути пред последниот свиреж.

Ова е прв триумф за шпанскиот гигант на турнирот, откако во воведниот меч одиграа 2-2 со Ал Хилал. Реал сега ќе ги насочи силите кон последниот дуел од групната фаза против австрискиот Салцбург, во обид да обезбеди пласман во елиминациите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот