Фото: Real Madrid

ВИДЕО | Реал Мадрид го победи Еспањол и го одложи шампионското славје на Барселона

Реал Мадрид вечерва славеше победа над Еспањол од 2-0 и така не дозволи Барселона уште вечерва да ја слави титулата.

По првото полувреме без погодоци, „кралевите“ ја презедоа контролата во продолжението. Главна фигура беше Винисиус Жуниор, кој со два гола во 55. и 66. минута го реши прашањето за победникот.

Со освоените три бода, Реал останува на втората позиција со 77 бодови, додека Барселона е на врвот со 88. Расплетот во битката за титулата би можел да следи веќе во наредното коло, кога на програмата е големото дерби Ел Класико закажано за 10 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот