ВИДЕО | Реал Мадрид го освои Интерконтиненталниот куп
Фудбалерите на Реал Мадрид ја совладаа Пачука во финалето на Интерконтиненталниот куп на ФИФА со 3:0, што се одигра во Доха, Катар, по пауза од две децении.
Препорачано
Интерконтиненталниот куп на ФИФА последен пат се играше во 2004 година, а сега, 20 години по ова натпреварување, во финалето се сретнаа Реал Мадрид и Пачука од Мексико.
Веќе во првото полувреме Реал поведе со 1:0 со голот на Килијан Мбапе, кому во 37 минута му асистираше Винисиус Жуниор. Голот и настапот на францускиот фудбалер долго се чекаше, а сега тој покажа зошто е еден од најдобрите во светот.
Реал во ова финале се пласираше како шампион на Европа, а на другата страна го имаше шампионот на Конкакаф, Пачука, кој во претходните две кола го елиминираше шампионот на Јужна Америка и Африка.
Првото полувреме заврши со предност на Реал од 1:0, а вториот дел ја потврди доминацијата на „кралскиот клуб“ и веќе во 53 минута водството беше зголемено. Шпанците обезбедија сигурно водство со вториот гол на Родриго во 53 минута на асистенција на Мбапе.
До крајот на мечот имаше време за уште еден гол на Реал Мадрид, овој пат преку Винисиус во 83 минута од пенал. Пеналот го доби неговиот соиграч Лукас Васкез, кој беше соборен во шеснаесетникот. Така Реал ја совлада Пачука со конечни 3:0 и победи во финалето на Интерконтиненталниот куп на ФИФА.
Ова е 15 пехар за Анчелоти на клупата на клубот од Мадрид, а за Реал втор сезонава, прв е пехарот во европскиот Суперкуп.


