ВИДЕО: „Ракетите“ ги започнаа подготовките, Харден ужива во стриптиз клуб

фото: твитер

Џејмс Харден очигледно е решен по секоја цена да си замине од Хјустон рокетс.

По завршувањето на сезоната, еден од најдобрите играчи во НБА лигата, Џејмс Харден побара од Хјустон рокетс да го размени бидејќи сака да се бори за титулата, но неговата желба не му беше исполнета.

Харден остана во Хјустон, а од тимот си замина втората голема ѕвезда, Расел Вестбрук, кој е разменет во Вашингтон во замена за Џон Вол.

Поради тоа, во знак на револт, популарната „брада“, не се појави на стартот на подготовките за новата сезона кои започнаа на 30. ноември, по што новиот тренер Стивен Сајлас најави дека ќе се појави во текот на вчерашниот ден, но и тоа не се случи.


Официјалната причина за отсуството на Харден е коронавирусот иако речиси на сите им е јасно дека не сака да игра повеќе во Хјустон. Како доказ, медиумите во САД објавија видео на кое се гледа како Харден се расфрла со пари во стриптиз клуб за време на роденденот на раперот Лил Бејбиа додека соиграчите го чекаат да се појави на тренинзите.

Уште еден доказ дека „брадата“ сака да си замине и одбивањето на новиот двегодишен договор вреден 103 милиони долари и како следна дестинација се споменува Бруклин нетс каде би играл со Кевин Дурант, но тешко дека таа размена ќе се реализиран. Од Бруклин не сакаат да се откажат од втората ѕвезда Кајри Ирвинг кого Хјустон го бара во замена за Харден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот