ВИДЕО: Ракетиран главниот град на курдскиот регион на Ирак

Ербил, Ирак/ Фото EPA-EFE/GAILAN HAJI

Неколку ракети го погодија Ербил, главниот град на автономниот курдски регион Ирак, соопштија курдските власти, додавајќи дека засега нема потврдени жртви.

Американски официјален претставник изјави дека нема жртви на американската војска во нападот, пишува Ројтерс.

Американските сили стационирани на меѓународниот аеродром во Ербил и претходно беа цел на ракетни напади, за кои американските власти ги обвинија проиранските милициски групи, но такви напади не беа пријавени во последните месеци.

Курдските власти не кажаа каде се случил инцидентот во саботата, а портпаролот на регионалната влада изјави дека немало прекини на летовите на аеродромот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот