ВИДЕО | Путин прими трета доза вакцина против ковид-19

Владимир Путин
Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MIKHAIL METZEL

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа соопшти дека примил трета доза од вакцината против ковид-19.

– Го направив тоа пред два часа, рече Путин на снимките што ги емитуваше руската државна телевизија Росија 24 и додаде дека било безболно.

Путин претходно прими две дози „Спутник В“, а овојпат прими „Спутник Лајт“, што се дава во една доза.

Од почетокот на есента Русија постојано руши рекорди по бројот на нови инфекции и смртни случаи од ковид-19. Русија досега има пријавено 9 331 158 случаи и 264 095 смртни случаи, што е најголем број во Европа. Брзото ширење на епидемијата се должи на ниската стапка на вакцинација поради недовербата во владата.

Иако земјата има неколку вакцини од домашно производство, само 36,7 отсто од населението на Русија е целосно вакцинирано, според специјализираната веб-страница Гогов. Путин, кој се противи на задолжителната вакцинација, сепак ја поддржа таквата мерка во некои делови од земјата и за некои групи граѓани. Во јуни Москва воведе обврска за вакцинација во услужниот сектор.

Извор: МИА

Во Русија најмногу починати за еден ден од почетокот на пандемијата на ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот