ВИДЕО | Пукање во канцелариите на гувернер во Турција: Вработен се заклучи со оружје, тврди дека бил жртва на мобинг
Во зградата на гувернерството на округот Кепез во Анталија се слушнале истрели, по што на местото на настанот биле испратени голем број полициски и медицински екипи, објави „Хаберлер“.
Препорачано
Според првичните информации, М.Ј., вработен во Националната дирекција за образование на округот Кепез, пукал од огнено оружје кое го носел со себе.
По истрелите, зградата била итно евакуирана.
Се дознава дека осомничениот потоа се заклучил во една од просториите во зградата. Полициските специјални единици, кои пристигнале на местото на настанот, воспоставиле широк безбедносен кордон околу објектот.
Полициските екипи во моментов се обидуваат да воспостават контакт и да го убедат осомничениот да се предаде.
Според неофицијални информации, мотив за инцидентот може да биде наводен мобинг на работното место. Во видео кое осомничениот го објавил на својот профил на социјалните мрежи пред инцидентот, тој се жали дека бил изложен на притисоци и na малтретирање на работа.
Засега нема информации за повредени, а истрагата за случајот е во тек.
Kepez Kaymakamlığı’nda silah sesleri yükseldi pic.twitter.com/75XZI1Q3f7
— Sarıyer Söz (@sariyersoz) March 16, 2026


