ВИДЕО: Пукање во Белград, двајца ранети

Српска полиција / Фото: ЕПА

Повторно пукање во белградската населба Врачар. Првичните информации говорат дека двајца млади луѓе на возраст од 20 до 30 години се ранети пред ресторан за брза храна, пренесуваат српските медиуми.

Инцидентот се случил околу 19 часот и 40 минути на улицата „Максим Горки“, кога бил застрелано 26-годишно момче, а на улицата „Новопазарска“ во истата населба е пронајдено уште едно момче со прострелни рани, кон кое било пукано исто така на улицата „Максим Горки“. Полицијата интензивно трага по сторителот, додека во тек е антимафијашката акција на полицијата „Вихор“.

Силни полициски сили ја блокирале целата област во потрага по напаѓачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот