ВИДЕО: Првиот пар во Европа се всели во целосно 3Д печатена куќа

Брачниот пар од Холандија стана првиот во Европа кој живее во куќа отпечатена со 3Д машина за бетон.

Оние кои го поддржуваат овој проект наведуваат дека на светот ќе му ја отворат можноста да ги обликува куќите на иднината според сопствената желба.

Елизе Луц и Хари Декерс, поранешни продавачи од Амстердам, оваа недела добија дигитален клуч, апликација со која, со притискање на копче, се отвора влезната врата од двособниот бунгалов.

– Прекрасна е. Имате чувство дека сте во бункер, делува многу безбедно – изјавил Декерс.

Новата куќа се состои од 24 бетонски елементи кои се печатени слој по слој во Ајндховен пред да бидат транспортирани со камион до местото на склопувањето.

Потоа биле додадени покривот и прозорците и биле вградени завршните работи на куќата од 94 квадратни метри.

Ваквата куќа ќе биде тешко да се направи со употреба на традиционалните методи, а објектот е прв од петте коишто градежната фирма „Сент-Гобејн Вебер Беамикс“ планира да го направи во предградијата на Ајндховен.

Во последните две години, делумно се направени куќи со бетонски 3Д печатач во Франција и САД, а проектите полека се шират низ целиот свет.

– Ова е прва куќа која ја одобрија властите и која ја населија луѓе кои плаќаат да живеат тука – рекол Бас Хујсманс, извршен директор на „Вебер Бенелукс“.

Печатењето со 3Д методот се прави со голема роботска рака којашто исфрла цемент од врвот на цевката и го реди слој по слој, и на тој начин ги прави ѕидовите.

Хајсманс рекол дека за печатење на куќата биле потребни 120 часа работење со бетонски 3Д печатач.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот