Македонскиот денар постои 32 години – стабилна валута која помина низа препреки во минатото

На денешен ден пред 32 години беше воведен денарот како национална валута и беше воспоставена институционална рамка на монетарниот систем, односно Народната банка започна да функционира како самостојна централна банка.

„Овој датум е значаен во нашата историја, бидејќи со монетарната самостојност се заокружи целовитоста на процесот на формирањето на нашата држава! Во изминатите 32 години, Народната банка се соочи со голем број предизвици, на кои успешно им одговори, додека денарот беше и ќе остане да биде „сидрото на стабилноста на нашата економија“, стои во објавата на Народната банка на Фејсбук.

Денеска Екомонскиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев – Штип денеска се одржа предавање на кое студентите можеа да се запознаат со почетоците на македонскиот денар и неговата стабилност како платежна валута. Универзитетскиот професор на Економскиот факултет во Штип, Љупче Давчев вели дека денарот е стабилна валута, која поминала низа препреки во минатото.

„Денот на денарот е денот на македонското монетарно осамостојување и ја воведуваме единицата денар за основна платежна валута во Македонија. Денарот повеќе години ја држи својата стабилност и помина повеќе препреки во кои остана стабилен како валута. Монетарната власт е една од најстабилните институции во областа на финансиите, која ја одржува стабилноста на денарот, а преку тоа и стабилноста на целокупната економија во државата“, рече Давчев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот