ВИДЕО: Првенец на Вирц за Ливерпул во победата во Јапонија, блесна и 16-годишник, Нуњез се посрамоти
Фудбалерите на Ливерпул славеа победа во третиот пријателски натпревар пред почетокот на новата сезона и ја совладаа екипата на Јокохама на гостински терен со 3-1.
Препорачано
Во првото полувреме видовме по некоја прилика и на двете страни, но мрежите мируваа. Јокохама прва стигна до водство со голот на Асахи Уенека во 55. минута, но Ливерпул возврати по само седум минути.
По акцијата во која учествуваат Салах и Куртис Џонс, топката дојде до Вирц кој го постигна својот прв гол за Ливерпул и израмни на 1-1. Се играше 67. минута кога на сцена стапи уште едно засилување летово за тимот на Слот, Фримонг кој му асистираше на Треј Нијони за водство од 2-1.
قول pic.twitter.com/49BOsxoUdh
— عالم ليفربول – ميديا (@LFCExtensive2) July 30, 2025
قول pic.twitter.com/d8I0Hszumr
— عالم ليفربول – ميديا (@LFCExtensive2) July 30, 2025
Конечните 3-1 ги постави 16-годишникот Рио Нгума кој се запиша во листата на стрелци по еден одличен соло продор.
Во овој натпревар не се прослави Дарвин Нуњез кој и во минатата сезона беше критикуван поради нереализираните прилики за гол, па така сега не успеа да погоди од уште една идеална позција.
Darwin fu*king Nunez
Where’s Isak. Get him here NOW
— CF Comps (@CF_Compss) July 30, 2025


