ВИДЕО | Протече вознемирувачки повик на 911 од домот на Дајан Китон пред да почине
Дајан Китон почина на 11 октомври, а нејзината смрт го шокираше Холивуд и обожавателите. Некрологот сега откри некои нови детали за смртта, но пристигна и снимка од повикот на 911, пренесува „Пејџ сикс“.
Препорачано
Дајан Китон била однесена од нејзиниот дом во Лос Анџелес со брза помош во саботата, а аудио-снимката испратена до противпожарната служба открила дека имало „паднато лице“ (person down).
Во аудио снимката од повикот добиена од „TMZ“, диспечерот рекол: „Спасување 19, паднато лице“ пред да ја открие адресата на актерката.
Противпожарната служба на Лос Анџелес отишла во домот на актерката од „Ени Хол“ во саботата во 8:08 часот по источно време и едно лице било однесено во локалната болница. Упатени лица откриле дека тоа лице била Китон.
Само неколку дена откако веста за смртта на актерската легенда Дајан Китон ја шокираше јавноста, нејзиното семејство ја откри причината за смртта на познатата добитничка на Оскар. Како што потврдија за „Пипл“, Китон почина на 11 октомври на 79-годишна возраст, а причина за смртта била пневмонија.
Семејството во соопштението изјави дека се „длабоко трогнати од многуте изрази на сочувство што ги добиле во последните денови“. Тие забележаа колку актерката ги сака своите животни и колку е посветена на помагањето на бездомниците. Тие ги замолија обожавателите да донираат во нејзино име во локалните засолништа за животни или банки за храна, наместо цвеќе.
Во официјалната смртна потврда се наведува дека Китон се борела со примарна бактериска пневмонија неколку дена пред нејзината смрт, а во документот не се наведени други медицински состојби што можеби придонеле за нејзината смрт. Исто така, се открива дека таа била кремирана на 14 октомври.


