ВИДЕО | Проф. д-р Марковиќ: Со агресивната идентитетска политика кон Македонија, Бугарија го навлекува бесот на Германија и ЕУ

Изненаден сум од стратегијата да се чека зад грбот на Грција долго време. Бугарската позиција е конфузна и во моментов. Доаѓаат со нови барања, па прифаќаат, па не прифаќаат. Се работи за едно крајно инструментализирано политичко прашање, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ политикологот проф. д-р Ненад Марковиќ.

-Има три нивоа на ова прашање. Едното ниво е едно ниво на глобален комплекс. Комплекс на Косово во Бугарија. Еден мој пријател од Бугарија, Стефан Ралчев, еминентен аналитичар близок до кругот на интелектуалци на Огњан Минчев, објави еден провокатив ФБ статус во кој интелектуалците кои заговараат отворено вето ги нарече тодорживковистички романтичари и националисти обвинувајќи ги точно за она што нас не обвинуваат – за нивната омраза и однос кон македонското прашање произлегува од матрицата на Тодор Живков – на омраза и презир, рече  политикологот проф. д-р Ненад Марковиќ и додава дека барањата на Бугарија се крајно конфузни прашувајќи се како Македонија и Бугарија со историски комисии за кратко време треба да решат една историска омраза.

-Мислам дека со овој пристап на агресивна идентитетска политика кон Македонија, Бугарија го навлекува бесот на Германија и на целата ЕУ, вели Марковиќ и додава дека она што мора да го сфатиме е дека освен психолошка сатисфакција тоа на нас не ни врши некаква работа.

Целиот разговор со проф. д-р Марковиќ погледенте го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот