проф. д-р Марјан Бојаџиев / Утрински брифинг
проф. д-р Марјан Бојаџиев / Утрински брифинг

ВИДЕО | Проф. Бојаџиев: ЕЕА не е спореден туку покус пат до ЕУ

Концептот Европски економски простор (ЕЕА) е идеја која се турка, а во прилог одат и односите со ЕУ и бавниот пат дотаму. ЕЕА не е спореден пат туку е пократок пат кон ЕУ, смета проф. д-р Марјан Бојаџиев од Универзитетот Американ колеџ.

Во време на француското претседателство на ЕУ се разгледуваат четири теми: Европа кко една држава или унија од држави; втората е Европа на региони; третата зелена Европа а темата за проширување со Западен Балкан и со нас во него е четврта. Европа нема да може да има една бела, празна точка на Западен Балкан, а ние сега ако ги почнеме преговорите нема да можеме да влеземе во ЕУ до 2035 година, вели Бојаџиев за Утрински брифинг.

-Зошто ЕЕА, во Бумшпешта разбрав дека истиот пат го поминала и Австрија, прво станала членка на ЕЕА, од други причини се разбиора. Проектот Отворен Балкан нема поддршка од ЕУ. Еден од проблемите е што не се вклучени сите земји, не може само три земји да бидат Отворен Балкан. Мојот предлог беше дека оваа идеја може одлично да се спроведе во рамките на ЕЕА и според мене тоа не е спореден туку пократок пат кон ЕУ интеграциите на земјава, вели Бојаџиев.

Политичка волја треба да има од политичките актери. Најавена е тематска седница на собранието на стопанските комори на форумот на коморите. Јас сум песимист дека нешто во скоро време ќе се случи со Бугарија. Ние мора да живееме европски, не може да ја распуштиме државата ако не сме дел од ЕУ, коментира проф. Бојаџиев за Утрински брифинг.

-Ме загрижува економската криза, 2022 очекувам да биде подобра година од претходната… Составот кој што го предложи Ковачевски е ветувачки особено во оние делови каде потфрли претходната влада, вели за Утрински брифинг професорот Марјан Бојаџиев.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот