Принцезата Раџва, прицнот Хусеин, кралицата Ранија / Фото: Profimedia

ВИДЕО | Принова во кралското семејство! Принцезата од Јордан се породи, познато е името и полот на бебето

Јорданскиот крал Абдула Втори и кралицата Ранија ја добија својата прва внука. Сопругата на нивниот син Хусеин, принцезата Раџва, во саботата го родила нивното прво дете.  Нивната ќерка ја нарекле Иман.

Официјалниот инстаграм-профил на кралското семејство објави видео од Хусеин од Јордан како го држи новороденчето, додека песната „You Are My Sunshine“ свири во позадина.

Кралицата Ранија со Иман / Фото: Balkis Press/ABACA / Shutterstock Editorial / Profimedia

Малата Иман го носи името на тетката, односно ќерката на кралот и кралицата на Јордан. Додека нејзиниот татко е престолонаследник, малата Иман нема да биде вклучена во редот на наследството бидејќи е женско. Според Уставот на земјата, тронот е наследен според династијата на кралот Абдула Ибн Ал-Хусеин и минува низ машки пол.

Фото: Abaca Press / Alamy / Alamy / Profimedia

Да потсетиме, Хусеин и Раџва се венчаа во јуни минатата година. На церемонијата присуствуваа гости од целиот свет, меѓу кои и принцот Вилијам и принцезата Кејт. Кралското семејство пролетта објави дека принцезата е бремена.

ФОТО | Вилијам и Кејт ќе присуствуваат на свадбата на принцот од Јордан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот