ВИДЕО | Принцот Хари: Се дрогирав и пиев за да заборавам како се чувствувам, добивав панични напади секогаш кога ќе ја видев камерата!

Фото: Профимедиа

За принцот Хари, враќањето во Лондон по повод погребот на принцот Филип значело уште едно соочување со местото каде се чувствувал како во стапица и прогонуван од страна на медиумите. Тоа било, како што вели, уште еден тест за соочување со анксиозноста која повторно му се пробудила.

„Бев загрижен, без уплашен“, изјави Хари во новото интервју кое го даде заедно со Опра Винфри, во рамките на проектот за менталното здравје на кој е еден од креторите и продуцентите.

Принцот открива дека при повторното доаѓање во Лондон ги користел вештините кои ги научил на терпијата

Фото: Инстаграм

„Ми беше полесно, но сè уште е тешко“, изјави Хари, кој започнал да оди на психотерапевт пред 4 години, по убедувањето на сопругата Меган Маркл. Тие се расправале, а таа забележала дека Хари е полн со бес кој всушност не е насочен кон неа, пишува „Дејли мејл“.

Овој серијал е уште едно поглавје за откривање на деталите од животот на принцот Хари и неговиот однос со кралското семејство откако тој се откажа од кралските должности и се пресели со семејството во Калифорнија.

Принцот откри и неколку детали поврзани за, како што вели, најлошите години од неговиот живот, кога утеха наоѓал во алкохолот и опијатите, како и за големата траумасмртта на неговата мајка, принцезата Дијана.

„Пиев, се дрогирав, правев сè што можев само да не се чувствувам така како што се чувствував. Не пиев секој ден, но знаев за една ноќ да испијам алкохол, кој е доволен за цела недела. Не пиев од уживање, туку да сокријам нешто“, изјави Хари и продолжи:

„Не живеев во опкружување каде можев да разговарам со некој за тоа како се чувствувам, беше нормално тоа да се потиснува. Секогаш кога ќе го облечев своето одело, ќе ја ставев вратоврската и кога ќе тргнев да ја одиграм мојата улога, добивав панични напади, се препотував, срцето ми лупаше како лудо… од 28-та до 32-та година од животот, тој период беше мојот кошмар“, изјави внукот на кралицата Елизабета.

Фото: Профимедиа

„Кога луѓето ќе ме прашаа како сум, секогаш одговарав „добро“. Никогаш не реков дека сум среќен, дека сум тажен, секогаш „добро“. Тоа беше најлесниот одговор“, изјави Хари и додаде дека секој пат кога влегувал во автомобил и гледал камера, започнувал да паничи.

Синоќешното интервју повторно крена голема прашина, како во Америка, така и во Велика Британија. И додека едни се на страната на избеганиот принц и неговата сопруга, други коментираат дека за некој што има панични напади од камера тој премногу често и доброволно се појавува пред истата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот