ВИДЕО | Принцот Хари и Меган Маркл ги посетија евакуираните во Пасадена: Служеле оброци и донирале за загрозените од пожарите
Принцот Хари и Меган Маркл во петокот го посетија Конгресниот центар во Пасадена за да им помогнат на загрозените од страшните пожари во Лос Анџелес, кои избувнаа на 7 јануари.
Препорачано
Парот ги утеши волонтерите и им подели храна на околу 1.200 евакуирани, пишува „Си-би-ес њуз“.
Војвотката и војводата од Сасекс, кои живеат на околу 145 километри од погодената област, вчера ја посетија Светската централна кујна во Пасадена, Калифорнија, за да помогнат во дистрибуцијата на храна и намирници за жртвите од пожарот.
Познатиот пар донирал основни потреби работи, служеле оброци во Светската централна кујна (World Central Kitchen) и разговарале со луѓето кои претрпеле големи загуби по избувнувањето на пожарот, а меѓу оние кои пружиле поддршка имало и стари лица. Тие се состанаа со градоначалникот на Пасадена, Виктор Гордо и им се заблагодарија на првите што реагираа, вклучително и пожарникарите и канцеларијата на шерифот на округот ЛА.
Подоцна, Меган Маркл и принцот Хари се сретнаа со основачот на Светската централна кујна, Хозе Андрес за да ги пофалат тимовите за помош. Преку нивната фондација „Арчевел“, тие собраа парични донации и планираат да продолжат со хуманитарни акции.


