ВИДЕО | Приказна како од филм: Херојот на Лејкерси до пред две години бил гробар

Фото: Los Angeles Lakers/Twitter

Денес Мет Рајан е една од главните спортски приказни откако 25-годишниот кошаркар погоди тројка со звукот на сирената и го спаси од пораз 17-кратниот шампион во НБА.

Рајан доби тројка на тешка позиција, а потоа погоди неверојатна тројка скоро од мртов агол. Со звукот на сирената го изедначи резултатот на 111:111 и така обезбеди продолжение од пет минути за својот тим.

Неговата приказна е посебно интересна затоа што само до пред две години Рајан работел како доствувач и гробар. Во 2020 година тој се пријавил на драфтот за НБА, но не бил избран од ниту еден тим.

Среќата му се насмевна лани кога Кливленд испрати понуда, за две недели подоцна да премине во Денвер. Од таму продолжи во развојната лига и во НБА се врати во Бостон тим каде што минатата сезона одигра само пет минути.

Од оваа сезона е во Лејкерси, а против Њу Орлеанс постигна 11 поени (три тројки), одличен беше во минтутите кои ги доби на паркетот и нема сомневање дека ако продолжи вака го чека одлична кариера. Интересно е што тој веќе сега може да се пофали дека играл за двете најтрофејни екипи во НБА (Лејкерси и Бостон). Во НБА Лејкерси и Бостон имаат освено по 17 титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот